„Милионерите“ може да останат без тренер ако не го победат Аугзбург

И натаму се свежи моментите од случувањата на натпреварот во Мадрид, кога Борусија Дортмунд загуби од Реал Мадрид со 5-2, иако водеше со 0-2 на полувремето. Тренерот Нури Шахин наиде на многу критики за неговите измени, откако се реши да извади напаѓач и да воведе стопер, со цел да се брани. Тоа го чинеше скапо, а со влегувањето на Емре Џан, тимот прими три гола на крајот.

Според германските медиуми, Шахин би можел да добие отказ, доколку не успее да го совлада Аугзбург на гостински терен. Не поради поразот од Реал, туку поради фактот што Борусија Дортмунд игра слабо во Бундеслигата. Екипата едвај успеа да го победи Сент Паули, а претходно со многу среќа го совлада Бохум на домашен терен. Загуби од Унион Берлин и од Штутгарт на гостински терен. Исто така се мачеше и во дуелот со Хаденхајм, во кој два пати губеше, па успеа да направи пресврт.

Тоа е доволна причина за раководството да размислува за смена на Шахин. Турчинот дојде на местото на Един Терзиќ на почетокот на сезоната. Хрватот доби отказ, и покрај тоа што лани стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...