Сапуницата продолжува: ПСЖ повторно одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра

Комитетот на француската Лига 1 одлучи дека Пари Сен Жермен мора да ги плати неподмирените долгови кон поранешниот играч, Килијан Мбапе.

„Светците“ на ѕвездата на францускиот и светскиот фудбал и должат 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси, но и понатаму не сакаат да ги платат.

Како што пренесуваат француските медиуми, од ПСЖ потврдија дека не планираат да платат ниту цент и се подготвени правдата, како што наведоа, да ја бараат на друго место.

„Сега кога комисијата за жалби го потврди мислењето дадено од правната комисија, ПСЖ одлучи да го изведе случајот пред надлежните судови. Сето ова додека сè уште се обидуваме да најдеме пријателско решение со играчот “, потврдија од парискиот клуб.

Пари Сен Жермен веќе неколку пати одбиваше да го плати долгот кон играчот на Реал и сега има навистина мали шанси да се најде компромисно решение.

Се вчитува...