Градоначалникот на Болоња, Матео Лепор, изјави дека саботниот натпревар во Серија А против Милан е одложен поради силниот дожд и поплавите во областа.
„Училиштата, парковите и спортските центри во петок ќе останат затворени во градот како мерка на претпазливост, откако обилните дождови од 19 октомври предизвикаа лизгање на земјиштето, поплави, затворање на патиштата и прекин на електричната енергија во неколку области“, додаде градоначалникот.
Попладнево ја потпишав уредбата за прекин на закажаниот фудбалски натпревар“, напиша Лепоре на Фејсбук.
„Газета“ објави дека челниците на Серија А денеска ќе одржат итен состанок за да разговараат за местото на одигрување на натпреварот Болоња-Милан, кој треба да се одигра во сабота во 18 часот, но се уште ништо официјално не е објавено за одложување.
Во соопштението на општина Болоња се вели дека поради натпреварот околу 35.000 луѓе ќе дојдат во близина на најкритичниот дел од градот, што ќе предизвика проблеми поради присуството на навивачи и затворањето на сообраќајот во областа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА