Хрватски фудбалер дојде во Белград, па го ставија во изолација

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Сучиќ во четвртокот беше позитивен на коронавирусот, па не играше за Реал Сосиедад против Макаби од Тел Авив на натпреварот одигран во Белград од третото коло од Лигата на Европа.

„Тој беше болен. Не е ништо сериозно, тој може да игра веќе во недела“, изјави портпаролот на клубот од Сан Себастијан.

Сучиќ, 22-годишниот играч од средниот ред, не се чувствуваше добро пред настапот во Белград каде Макаби беше домаќин на Баскијците. Тој беше тестиран за симптоми кои укажуваат на коронавирус, а резултатот од тестот беше позитивен. Реал Сосиедад победи со 1:2, а во недела на домашен терен ќе се соочи со Осасуна во шпанското првенство. 

Би требало Сучиќ веќе денеска да се упати кон Шпанија, каде што ќе се врати во редовен тренажен процес.

Се вчитува...