Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од домаќинот Романија (36-25) го почна настапот на „Трофеј Карпати“ како дел од подготовките за Европското првенство во Шведска, Данска и Унгарија.
„Црвено-жолтите“ девојки одиграа не така лошо полувреме во кое големиот фаворит имаше позитива од само четири гола (16-12). Сепак, во вториот дел играта на селекторот Грчевски се урна како „кула од карти“ па разликата за домаќинките само растеше за конечни (36-25).
Во второто коло од годинашното издание на „Трофеј Карпати“, Македонија утре ќе се сретне со Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА