Гол за Несторовски во ремито на Славен Белупо против Шибеник на Жута (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски го постигна и својот втор гол сезонава во хрватскиот шампионат, овојпат во ремито 2-2 на неговиот Славен Белупо против Шибеник од кој дел е Ленард Жута.

Откако гостите поведоа со 0-1 со голот на Иван Божиќ во 20. минута, Несторовски израмни на 1-1 во 30. минута. Домаќините направија целосен пресврт со голот на Томислав Божиќ во 57. минута, а конечните 2-2 ги постави Прекодравац во 88. минута.

Несторовски беше заменет во 77. минута, а за Шибеник скоро 40 минути одигра уште еден македонски поранешен репрезентативец Ленард Жута.

Се вчитува...