Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Дежонте Мареј успешно ја оперирал скршената лева рака и ќе биде надвор од терените четири до шест недели, објавија американските медиуми.
Мареј ја скрши раката на првиот натпревар на Њу Орлеанс во новата сезона во НБА против Чикаго, кој неговиот тим го доби со 123-111.
Тој летово дојде во Њу Орлеанс од редовите на Атланта хоукс, а во дебито за новиот клуб забележа 14 поени, 10 асистенции и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА