Лука Станковски со нов гол за Раднички

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски продолжува со одличните партии во српскиот шампионат во дресот на Раднички. Станковски денеска беше стрелец за својот тим во убедливата победа од 4-0 на неговиот Раднички против Единство Уб.

Станковски го постигна третиот гол за својот тим во 33. минута од првото полувреме. Станковски беше заменет во 68. минута, а ова за него беше трет погодок сезонава во српскиот шампионат.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...