Актуелниот шампион Панатинаикос славеше на жешкото гостување во Истанбул кај Фенербахче со 76-81 во дербито на вечерта во 5. коло од новата сезона во Евролигата.
Гостите беа подобри во првото полувреме, па некако и до самиот крај успеаја да ја задржат таа предност и да стигнат до конечен триумф од 76-81. Кендрик Нан со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 16 поени на Биберовиќ.
Барселона ја оправда фаворитската улога против Асвел славејќи на домашен терен со 90-83, додека Баерн Минхен го изненади Олимпијакос 84-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА