Нов ЛА Лејкерс на стартот на сезоната: Триумф и против Феникс

Лос Анџелес Лејкерс влезе во победничка низа на стартот на новата сезона во НБА откако славеше и во вториот натпревар, овој пат над Феникс со 123-116.

До триумф тимот од „градот на ангелите“ одново го предводеше Ентони Дејвис со 35 поени на кои додаде и 8 скокови. Остин Ривс беше второ име во таборот на Лејкерс со 26 поени и 8 асистенции, додека со 30 поени и 6 асистенции најдобар во редовите на Феникс беше Кевин Дурент.

Во останатите натпревари:

Орландо – Бруклин 116-101
Торонто – Филаделфија 115-107
Атланта – Шарлот 125-120
Кливленд – Детроит 113-101
Њујорк – Индијана 123-98
Хјустон – Мемфис 128-108
Милвоки – Чикаго 122-133
Јута – Голден Стејт 86-127
Портланд – Њу Орлеанс 103-105

Се вчитува...