Марио Балотели се враќа во Серија А

Статусот слободен фудбалер на Марио Балотели наскоро би можел да се промени со камбек во елитниот италијанско првенство. Поранешниот репрезентативец на Италија преговара со Џенова и преговорите се во завршна фаза, откриваат тамошните медиуми.

Балотели ова лето се поврзуваше со повеќе клубови меѓу кои и бугарскиот ЦСКА Софија, како и со шпанскиот третолигаш Интерсити, но сензационален трансфер не се оствари.

Италијанскиот голгетер во кариерата играше за големи клубови како Интер, Манчестер Сити и Милан и постигна над 200 гола на 495 натпревари.

Се вчитува...