Словенечкиот кошаркарски судија Матеј Болтхаузер кој се најде во центарот на вниманието по кражба на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во иднина нема да суди натпревари во Евролигата.
На официјалниот сајт на најсилното европско кошаркарско првенство е ажурирана листата на судии кои ќе ја делат правдата оваа сезона, а на неа го нема името и презимето на Словенецот.
Како потсетување, Болтхаузер беше фатен како граде парфем со вредност од 13 илјади денари на „фришоп“, а по контроверзиите кои го следеа мораше да плати и дополнителни 15 илјади денари во хуманитарни цели. Тогаш Евролигата започна постапка против него, а се чини дека одлуката е трајна суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА