Легендата на НБА лигата, Шекил O’Нил упати сериозни критики на сметка на Џоел Ембид, контроверзниот центар кој одби да игра натпревари „од ден за ден“.
Според Американецот кој доминираше под обрачите Ембид не е доволно мотивиран бидејќи има богат договор според кој знае дека нема да има финансиски товар.
„Зошто да не можеш да играш натпревари „од ден за ден“ кога тие натпревари не се толку физички? Не го удвојуваат, не играат на него во рекетот, не го малтретираат како мене. Игра само „пик“ и „поп“ и шутира. Не разбирам. За мене тоа е знак дека не сака да освои прстен.
Прави ненормални пари и нема мотивација. Кога јас на почетокот не правев пари бев мотивиран бидејќи знаев дека можам да заработам повеќе. Ако заработувам 250, знам дека можам да заработам 500 на следниот договор. Мора да останеш мотивиран. Ако треба да одиграм 82 натпревари за да освојам шампионат ќе го направам тоа“, вели Шек.
Оваа сезона Ембид ќе добие 51.4 милиони долари, а во последната година од договорот ќе заработи 70 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА