Тен Хаг живее во свој свет: Не го признава поразот од Тотенхем

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг имаше интересна изјава најавувајќи го натпреварот против Вест Хем по која одново се најде во центарот на вниманието.

Холандскиот стратег се наврати на дербито против Тотенхем од пред еден месец изјавувајќи дека не го признава тој пораз бидејќи Бруно Фернандеш бил неправедно исклучен па неговиот тим не бил во можност да се врати во средбата.

„Не го признавам тој пораз бидејќи ни беше исклучен фудбалер во моментот кога губевме со еден гол разлика. Не е фер да се зборува за тој меч, зашто јасно е дека по неправилниот црвен картон немавме шанса да се вратиме. Тоа што е поважно е што овој тим подоцна покажа дека има карактер, барем така беше и на европските натпревари со Порто и Фенербахче“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...