Мареска: Џејмс мора да се однесува како капитен

Тренерот на Челси, Енцо Мареска упати остра критика кон капитенот на лондонскиот тим, Рис Џејмс кој според италијанскиот стратег не ја врши добро својата улога.

Според Мареска, Џејмс треба да биде пример за останатите, да покаже карактер и да биде соодветен лидер.

„Зборував со него и очекувам многу повеќе од него од аспект на улога на лидер во соблекувалната. Се движи во правилна насока, напредува, но очекувам многу повеќе. Понекогаш капитените мислат дека поради таа улога ќе добијат нешто повеќе од менаџерите, но за мене капитените се тие што треба да даваат повеќе, мора да се над сите останати.

Тој е момче од нашата академија, тоа е и една од причините зошто мора да покаже повеќе во однос на карактерот. Кога немате соодветен лидер, мора да го направите, мислам дека ние сме во таква ситуација. Рис мора да се потруди да дојде до тоа ниво“, изјави Мареска.

Се вчитува...