Ибрахимовиќ си додели нов прекар кој не им се допадна ни на пријателите

Златан Ибрахимовиќ сподели фотографија на својот профил на мрежата „Инстаграм“ и си додели нов прекар. Облечен во црна ролка и црна кожна јакна себе си се нарече „Фонзи“ алудирајќи ја популарниот лик од американскиот ситком „Happy Days“ кој го глумеше глумецот Хенри Винклер.

Серијата беше популарна во 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Фонзи беше синоним за „cool“ ликови, но Ибрахимовиќ не се прослави како него. Објавата се поклопи со времето кога беше потврдено одложувањето на натпреварот помеѓу Милан и Болоња па Швеѓанецот доби лавина критики.

„Дали знаеше дека го одложија натпреварот?“, „Идол си ми, но ме разочара“, се дел од коментарите.

Се вчитува...