Кунде: Нема да можам сам да го сопрам Винисиус

Стоперот на Барселона, Жил Кунде го најави едно од најголемите дербиња на светот „Ел Класико“ кој ќе се одржи вечерва во Мадрид со почеток од 21 часот.

Францускиот репрезентативец го очекува и личниот дуел со Винисиус Џуниор. За Бразилецот тој имаше само пофални зборови.

„Винисиус е главниот кандидат за „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи, но за мене тоа е предизвик. Поради вакви дуели го сакам фудбалот. Тој е веројатно најголемата закана, но противникот има и други одлични играчи. Тоа е тим полн со таленти, играчи кои можат сами да решат натпревари. Винисиус не е играч што можеш сам да го сопреш, особено за 90 минути. Тој не запира, и дефинитивно ќе има моменти кога ќе ми биде потребна помош“, изјави Кунде.

Се вчитува...