Винисиус откри за кој тим би играл ако замине од Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Винисиус Џуниор откри за кој клуб би играл доколку замине од Реал Мадрид.

Бразилскиот репрезентативец вели дека е заљубен во Мадрид, но би ги променил боите само доколку му се пружи шанса да настапи за Фламенго.

„Не би имал проблем цела кариера да ја поминам во Реал Мадрид, но мојот омилен клуб е Фламенго. Се заљубив во Мадрид, меѓутоа ако се појави опција да го облечам дресот на Фламенго веројатно ќе го направам тоа“, вели Винисиус.

Се вчитува...