Македонската женска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија откако загуби од Словачка со 29-27 во натпревар во кој „црвено-жолтите“ беа подобар противник во првото полувреме.
Македонките одиграа одлични 30. минути по кои имаа предност од 17-15 благодарение на одличната игра во нападот, но токму нереализираните шанси во нападот и техничките грешки во последните десет минути од средбата ја чинеа Македонија пораз.
Во последниот натпревар од „Трофеј Карпати“ Македонија в недела ќе си ги одмери силите со Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА