Алкалоид ја потврди фаворитската улога и се пласираше во следното коло од третото по ранг европско клупско натпреварување ЕХФ купот со триумф и во реваншот против литванскиот состав Драгунас Клаипеда.
По победата од 42-31 во Скопје, избраниците на Кирил Лазаров немаа проблеми да го надмудрат противникот и во балтичката држава славејќи со 31-37.
„Сино-белите“ текот на средбата ја најавија уште од самиот почеток кога поведоа со 2-8 и продолжија да го диктираат темпото до самиот финиш. Алкалоид беше пред двоцифрена предност во првото полувреме, во неколку наврати водеше со по девет разлика, но подобрата завршница на првите 30. минути на домашниот тим ја намали предноста на скопскиот тим на 17-21.
Налетот на противникот продолжи и на отварањето на второто полувреме, во 41. минута предноста на Алкалоид беше намалена на 25-27, но избраниците на Лазаров не дозволија изненадување. Одолеаја на налетот на литванскиот тим, ја вратија „комотната“ предност и приредија мирен финиш на средбата.
Со седум голови Серафимов беше лидер на Алкалоид, а него го следеа Бинго и Митев со по шест. Галевски забележа 10 одбрани. Лидер на Драгунас Клаипеда беше Лускенас со шест голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА