Тренерот на Јувентус не верува дека неговиот тим може до титула

Во пресрет неделниот дерби натпревар против Интер, тренерот на Јувентус, Тијаго Мота говореше за медиумите и имаше интересна изјава отпишувајќи го својот клуб од фаворитите за освојување на Скудетото.

Мота предноста им ја даде на најголемите ривали па неговата изјава предизвика реакции во италијанската јавност со оглед на тоа што Јувентус е најуспешниот тим во Серија А со 36 освоени титули.

„Јасно е дека фаворитите за освојување на титула се Интер и Наполи. Тие освојуваа во последните две години. Мораме да се соочиме со Интер со целосен фокус и многу храброст“, изјави Мота.

Јувентус во досегашниот дел од сезоната има само еден пораз, оној во последниот одигран натпревар во Лигата на Шампионите против Штутгарт со 0-1.

„Тоа ни беше прв пораз оваа сезона. Дури и кога победуваме одиме понатаму. Нема време да размислуваме ниту за славје, ниту за победа. Минатото е минато. Така и Штутагарт е зад нас, сега играме против Интер“, додаде младиот стратег.

Се вчитува...