Бундеслига: Пресврт победа на Лајпциг, Аугсбург и го зема скалпот на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд доживеа уште еден шок во Бундеслигата откако во 8. коло загуби на гостувањето кај Аугсбург со 2-1 и тоа по целосен пресврт на домаќините.

Мален донесе водство за гостите уште во 4. минута од средбата, но веќе во 25. минута домаќините изедначија со голот на Клауд-Маурис. Французинот стрелаше и во 50. минута за целосен камбек и трета победа за Аусбург во сезоната.

Лајпциг ја продолжи победничката низа со триумф од 3-1 над Фрајбург во кој тимот на Елиф Елмас направи целосен камбек откако губеше со 0-1 од 15. минута по голот на Доан. Орбан стрелаше во 47. минута за изедначување, камбекот го комплетираше Гертруида во 58. минута, а победата ја потврди Опенда во 79. минута.

Македонскиот репрезентативец не доби шанса на денешната средба.

Во останатите натпревари:

Штутгарт – Холстајн Кил 2-1
Сент Паули – Волфсбург 0-0

Се вчитува...