Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски првпат по доаѓањето во Џирона го одигра целиот натпревар за шпанскиот тим, но Џирона загуби со 1-0 на гостувањето од Лас Палмас во 11. коло од Ла Лига.
Џирона одигра квалитетен меч, беше подобар тим на теренот но не успеа да реализира неколку изгледни шанси по што следеше казната на спротивната страна.
Миовски асистираше уште во 6.минута за погодок на Џирона преку Ван де Бик, но голот беше поништен по ВАР-интервенција поради наводен прекршок на македонскиот напаѓач пред да асистира.
Стрелец на победничкиот гол за Лас Палмас беше Алекс Муњоз во 42. минута од средбата.
⚽️ #LasPalmasGirona 1-0 ante 21.506 espectadores. Los amarillos comenzaban la semana con 3️⃣ puntos y la cierran con 9️⃣ #LaLigaEASports pic.twitter.com/LFjZjy8A7o
— Juanjo Toledo (@Juanjo_Toledo) October 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА