Влатко Андоновски и Љупчо Кметовски со нов трофеј во САД: Со Канзас сити го освоија Летниот куп (ВИДЕО)

Mакедонскиот тренер, Влатко Андоновски си обезбеди уште еден трофеј во својата кариера, откако со женскиот американски прволигаш Канзас сити го освои Летниот куп во кој се натпреваруваат американски и мексикански клубови.

Андоновски, во чиј стручен штаб е и поранешниот вардаров голман Љупчо Кметовски, се радуваше во победата од 2-0 на Канзас во финалето против Готам ФЦ.

„Овој трофеј има посебно значење, пред се за градење на победнички менталитет. Не можете да освоите големи трофеи, ако не ги освојувате малите“ – истакна Андоновски по финалето во Сан Антонио.

Се вчитува...