По дебаклот на Реал: Жално е што се „удира“ на Лука Модриќ

Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ од клупата го почна синоќешното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Влезе во игра во 63. минута при резултат 0-2 кога, се чини, веќе се беше решено на шпанскиот дерби дуел.

Затоа и крајно изненадувачки делува револтот на дел од навивачите на Реал кои ја префрлуваат на него вината за резултатот.

„Лука треба да се пензионира… Не може веќе да парира на младоста на Барселона… Доста е…“ – се дел од коментарите на навивачите по социјалните мрежи.

Има и такви кои сметаат дека и Карло Анчелоти треба да ја напушти клупата на тимот, и покрај тоа што минатата сезона ја донесе титулата во Ла Лига и европската шампионска титула.

Се вчитува...