ВИДЕО: На Анчелоти многу му пречеше претераното славје на Каталонците

Во еден момент од синоќешното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид се најдоа во фокусот и двајцата тренери Ханси Флик и Карло Анчелоти…

По четвртиот гол на Каталонците, настана мешаница меѓу двете клупа па Карло Анчелоти дојде до просторот на Барселона упатувајќи предупредување до Флик.

Анчелоти реагираше до Флик и клупата на Барселона поради некорекната реакција од одредени членови на стручниот штаб на каталонскиот тим, кои по постигнатиот гол претерано се радувале со гестикулации пред клупата на Реал Мадрид.

Анчелоти по мечот реагираше и до еден од помошниците на Флик кој бил најгласен во еуфоријата.

„При прославата на четвртиот гол, се случи нешто со асистентот, а не со Ханси Флик. Помошникот на Флик не се однесуваше како господин и затоа бев лут. И самиот Флик се согласи дека тоа било грешка на асистентот“ – откри Анчелоти по болниот пораз.

Се вчитува...