Ламин Јамал не запира да го воодушевува фудбалскиот свет, но и да испишува историја во шпанскиот фудбал. Тинејџерот од Барселона се запиша и во историјата на „Ел Класико“ по синоќешното дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона на кое каталонскиот тим славеше со 0-4.
Јамал беше стрелец на третиот гол за својот тим, со што стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико. Погоди со само 17 години и 106 денови, нешто кое досега не му успеал на ниту еден негов претхдник во 114 години ривалство меѓу двата клуба.
Но, секогаш скромниот Јамал по мечот не сакаше многу да се експонира, испраќајќи само кратка порака.
„Ќе кажам само, Напред Барса. Ајде сега да ја освоиме титулата“ – прокоментира Јамал по натпреварот.
Something extraordinary is happening at Barca. Lamine Yamal is just one storyline in a Masia resurgence. His goal tonight in a 4-0 away thumping in El Clásico. pic.twitter.com/jWFiNoDLE5
— Nick Harris (@sportingintel) October 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА