ЛА Лејкерс направија неверојатна серија од 21-0 со која од 87-94 на крајот од третата четвртина дојдоа до 108-94 во последниот период од играта и така си го трасираа патот до третата победа во третиот меч сезонава во НБА лигата.
Лејкерси славеа против Сакраменто на крајот со 131-127, притоа со блескава партија на нивната најголема ѕвезда – Леброн Џејмс.
Во серијата од 21-0, Леброн учествуваше со 10 едноподруго поени и вкупно 16. Ветеранот ја игра својата 22. сезона во НБА на прагот на својот 40-ти роденден. Заврши како најдобар стрелец на мечот со 32 поени, плус и 14 скока и 10 асистенции, што е негов 113-ти „трипл-дабл“ во кариерата.
Одличен кај Лејкерс беше и Ентони Дејвис со 31 поен и плус 10 скока, а кај Сакраменто се истакна Домантас Сабонис со 29 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Денвер, пак, загуби од ЛА Клиперс со 109-104 во вториот свој меч сезонава. Никола Јокиќ постигна 41 поен, уфрли седум тројки, што е негов нов рекорд во кариерата по бројот на погодени шута за три поени, но Денвер не успеа да го скрши отпорот на Клиперс, на крајот за пораз во неизвесна завршница.
Јокиќ на крај беше трагичар откако на 20 секунди пред крајот промаши едно од две слободни фрлања за израмнување, а потоа не успеа да погоди тројка за продолжение во последните секунди од мечот.
CLUTCH free throw by Jokic to tie the game 🔥 pic.twitter.com/rcoebqPaZd
— BricksCenter (@BricksCenter) October 26, 2024
Кај Клиперс брилјираше Пауел со 37 поени, Харден имаше 23 поени и 16 асистенции а Зубац заврши со 24 поени и 15 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА