Реал Мадрид доживеа фијаско на синоќешното дерби со Барселона, виновници за убедливиот пораз има многу, но медиумите по правило секогаш се најжестоки кон оние најзвучни имиња, од кои и се очекува најмногу на овие големи натпревари.
На удар на мадридските медиуми се најде Килијан Мбапе, сосема очекувано ако се земе во предвид слабото издание на првото „Ел Класико“ во кариерата на голгетерот.
Весникот „Ас“ посвети цел коментар на она што Мбапе го прикажа на теренот, во преден план истакнувајќи ги честите офсајди во кои е најде скапото засилување на „кралкиот клуб“.
„Килијан Мбапе не дојде овде за да покажува вакви игри. Ова беше индивидуална катаклизма во колективната катастрофална ноќ на Реал Мадрид. Во неговиот прв меч (го пропушти мадридското дерби поради повреда), во меч кој што требаше да му одговара (со многу простор, без противник кој игра бункер), Мбапе го урна светскиот рекорд – за офсајди. Осум пати Килијан падна во замката на Флик со висока одбранбена линија. Повторно и повторно, и повторно…“, се вели во коментарот на „Ас“.
Мадридскиот весник притоа дополнува дека Мбапе во целиот досегашен дел од сезоната имал вкупно девет офсајди, бројка што речиси целосно ја достигна за 90 минути игра на „Сантијаго Бернабеу“.
„Очигледно е дека Мбапе се утше не е целосно поврзан со тимот, некогаш поради неговата нестрпливост, некогаш бидејќи неговите соиграчи не ги читаат најдобро движењата на Килијан. Факт е дека тој не покажува доволно флуидност со остатокот од тимот и моментно е само суперѕвезда што блеснува самоод време на време, како против Алавес или оној еврогол во Виго. Навистина загрижувачки“, пишува мадридскиот весник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА