Тинејџерот Ламине Јамал имаше една од клучните улоги во убедливата победа од 0-4 на Барселона против Реал Мадрид во „Ел Класико“.
Јамал го постигна третиот гол за својот тим со што се запиша во историјата како најмлад стрелец во историјата на „Ел Класико“.
Сепак, несакани моменти се случија по постигнувањето на голот за 0-3. Јамал беше навредуван од одредени навивачи на Реал на расна основа.
„Е..н црнец“ – беа дел од навредите на реаловите навивачи кон Јамал, покрај оние веќе стандардните со прозивки на неговата мајка.
🚨 Racist insults towards Lamine Yamal ‘Puto negro’.
pic.twitter.com/O89vR4dV8Q— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) October 26, 2024
Интересно, еден од најдобрите фудбалери токму на Реал, Винисиус Јуниор е најгласен во борбата против расните навреди на фудбалските терени. Дали Бразилецот е подготвен да реагира и во еден ваков случај!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА