Пораз и од Швајцарија за крај на „Трофеј Карпати“

Македонската женска ракометна репрезентација го доживеа и третиот пораз на интернационалниот турнир „Трофеј Карпати“ кој се одржа во Клуж, Романија.

По поразите од Романија и Словачка, Македонија загуби денеска со 27-22 и од селекцијата на Швајцарија.

Во македонскиот табор најрасположени за игра беа Ристовска и Дамјановска со по пет постигнати погодоци.

Пред настапот на Европското првенство, македонската селекција ја очекува уште и настапот на „Кроација Куп 2024“.

Се вчитува...