Јунајтед пак загуби, што ќе се случи со Тен Хаг

Столчето на Ерик тен Хаг повторно сериозно се тресе откако Манчестер Јунајтед претрпе уште еден пораз во Премиер-лигата, овојпат на гостувањето против Вест Хем со 2-1. „Црвените ѓаволи“ имаат за што да жалат ако се знае дека во првото полувреме целосно доминираа, промашија пет шанси, два пати ја погодија рамката од противничкиот гол, а казната за овие промашувања стигна во второто полувреме.

„Резервистот“ Самервил го доведе домаќинот во водство, Јунајтед потоа израмни преку Кашемиро, но во судиското продолжение беше досуден пенал за Вест Хем што Боувен го претвори во победнички погодок за својот тим.

Челси на домашен терен славеше над Њукасл со 2-1, уште еден меч во кој во главна улога беше Кол Палмер. Англискиот репрезентативец ја почна акцијата по која Џексон Мартинез погоди за 1-0, а откако Исак го израмни резултатот, Палмер биеше прецизно на стартот од второто полувреме, носејќи ги трите бода на својот тим.

Тотенхем ја продлабочи кризата во која се наоѓа лондонскиот клуб со уште едно потпросечно изднаие на гостински терен и заслужен пораз на гостувањето против Кристал Палас од 1-0. Матета беше стрелец на единствениот гол по маестралната асистенција на Езе, „спарси“ делуваа катастрофално во одбраната и можеа да примат и повеќе од еден гол, па овој пораз беше апсолутно заслужен.

Се вчитува...