Еврогол на Олис, Баерн пукна петарда во Бохум

Баерн Минхен стигна до нова убедлива победа во Бундес-лигата откако баварскиот гигант триумфираше со 0-5 на гостувањето против Бохум. Поразот од Барселона во ЛШ минатата седмица послужи како дополнителна мотивација за избраниците на Компани, кои одиграа одлично и со пет гола во противничката мрежа ја крунисаа својата беспрекорна партија.

Интересно, Бохум ја имаше првата стопроцентна шанса на мечот, кога Ким од самата гол-линија спречи домаќините да стигнат до предност. Отпорот беше скршен со евроголот од слободен удар што го постигна Олис, а на 0-2 зголеми Мусиала, со еден од ретките голови што овој фудбалер ги постигнува со глава, по одлично изведениот скратен корнер на Кимих.

Хари Кејн на почетокот од второто полувреме зголеми на 0-3, а до крајот на натпреварот меѓу стрелците се запишаа и Сане и Коман.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...