Тен Хаг: Нова судиска неправда, затоа сме таму на табелата…

Манчестер Јунајтед повторно потоа на табелата, па „црвените ѓаволи“ по денешниот пораз од Вест Хем паднаа на 14. место на табелата. По девет одиграни средби „црвените ѓаволи“ имаат постигнато само осум погодоци, но и покрај слабата ефикасност тој главната вина ја бара кај судиите.

За денешниот меч, тоа беше одлуката во 90. минута да се досуди пенал за Вест Хем, што ја донесе главниот судија по сугестијата добиена од ВАР-собата.

„Трет пат сезонава сме жртви на судиска неправда… Најпрвин моравме да водиме со два-три гола по првото полувреме, толку многу промашени шанси.. Потоа примивме гол, покажавме карактер и се вративме, и на крај оној пенал… да се добие пенал против вас на еден таков начин, за еден таков старт, навистина неверојатна. Се обидував да зборувам со судиите, но одлуката веќе беше донесена. Немам зборови, нова одлука против нас, затоа сме таму на табелата“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...