Динамо Загреб веќе освои четири бода во Лигата на Шампионите, но тимот на нашите Ристовски и Адеми игра неочекувано слабо на домашната сцена, каде веќе има сериозно заостанување зад водечкиот Хајдук.
Кризата на „модрите“ продолжи и на денешниот домашен дуел со Осијек, каде Динамо загуби со 2-4, за трет пораз на шампионот од стартот на сезонава. Динамо водеше со 1-0, на одмор се замина со 2-2, гостите умешно ги искористија своите шанси во второто полувреме и ги шокираа домашните фанови на „Максимир“.
Адеми и Ристовски не беа стартери на овој дуел, на кој поразот го чини Динамо пад на третата позиција на табелата, со дури седум бода заостанување во однос на лидерот Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА