Георгиевски до сребро на Светскиот Куп

Дејан Георгиевски продолжува со добрите настапи оваа година откако најдобриот македонски таеквондист стигна до ребрен медал на Г1 Светскиот Куп што се одржува во Букурешт.

Георгиевски за ривали ги имаше Вудард од САД и Петрос Андреу од Кипар, забележа две заслужени победи, а за противник во големото финале го имаше Французинот Омар.

Францускиот репрезентативец стигна до победата, но Георгиевски со целокупниот настап најави дека се враќаво топ-форма од самиот почеток на новиот олимписки циклус.

„Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, објави од Македонската Таеквондо Федерација.

Се вчитува...