Барселона го демолираше Реал среде Мадрид, а во центарот на вниманието на јавноста покрај моќното издание на каталонците се наоѓа и скандалозното расистичко навивање кон дел од гостинските фудбалери.
Во прв момент беа објавени само видеа од расистички навреди кон Ламин Јамал по четвртиот гол за Барса, за во текот на денов да биде обелоденето дека Ансу Фати и Рафиња исто така биле навредувани по расистичка основа од домашните навивачи.
Суперѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус, во последните години често беше цел на вакви напади, па извонредниот голгетер вечерва се јави со зборови за осуда кон мадридските фанови и поддршка за навредуваните фудбалери.
„Жалам за се што се случи на Бернабеу, со сите расистички навреди. Нема место за вакви криминалци во нашето општество. Целата поддршка ја насочувам, кон Ламин, Ансу и Рафиња. Мадрид и полицијата треба да ги идентификува и казни виновниците“, порача Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА