Ван Дајк: Подобро бод отколку пораз

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е задоволен од освоениот бод на дербито на деветтото коло од Премиерлигата против Арсенал.

Говорејќи за медиумите холандскот репрезентативец изјави дека бод е подобро од пораз, а се осврна и кон битката за титула.

„Знам дека звучи како клише, но подобро е отколку да загубевме. Имавме шанси и да се обидеме да стигнеме до три бода. Првото полувреме беше тешко, но во второто бевме подобри и успеавме да дојдеме до изедначување. Одиме понатаму“; изјави стоперот кој се осврна и кон битката за титула.

„Мислам дека некој ми кажа дека минатата година Сити загубил тука и на крајот пак ја освои титулата. Сега сме само октомври. Прочитав и за Арсенал дека ако загубат веќе нема да бидат конкуренти за титула. Се уште е октомври, ќе видиме што ни носи крајот на сезоната. Треба да уживаме во се ова“

Се вчитува...