На Перез му е „преку глава“ од Анчелоти, познат е и неговиот наследник?

Дебаклот во „Ел класико“ и триумфот на Барселона со четири голови предизвика бурни рекации кај навивачите на Реал Мадрид. А, пак според шпанскиот „Спорт“ и не само кај најверните фанови на „кралскиот клуб“, туку и кај раководството кое е подготвено и на драстичен потег – промена на Карло Анчелоти.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез повеќе нема апсолутна доверба во искусниот италијански стратег и веќе им дал задача на директорите да работат на ангажман на неговата замена.

Тоа е Чаби Алонсо, легендата на Реал Мадрид кој уште на почетокот на тренерската кариера направи чудо со Баер Леверкузен освојувајќи ја Бундеслигата и Купот на Германија. Покрај тоа беше дел и од финалето во Лига Европа.

Сепак промената нема да дојде пред крајот на сезоната со оглед на се што Анчелоти има направено за Реал Мадрид. Перез ќе му дозволи на Италијанецот да ја заврши сезоната, а потоа и како легенда да замине од клубот.

Се вчитува...