Зубац со „дабл-дабл“ го прегази Голден Стејт, Оклахома убедлива против Атланта

Хрватскиот репрезентативец од редовите на ЛА Клиперс одигра фантастичен натпревар и го предводеше својот тим до триумф од 104-112 на гостувањето кај Голден Стејт.

Центарот на тимот од Лос Анџелес забележа дабл-дабл учинок проследен со 23 поени и 18 скокови на кој додаде и 6 асистенции. Во поразениот тим се истакна Вигинс со 29 поени.

Победа забележа и Оклахома која славеше над Атланта со 128-104 на крилја на Шеј Гилџус-Алекснадер кој беше бликсу до трипл-дабл учинок со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Тре Јанг беше лидер на Атланта со 24 поени и 8 скокови.

Филаделфија славеше по едно продолжение над Индијана со 114-118, Бруклин го доби Милвоки со 115-102, додека Портланд славеше над Њу Орлеанс со 125-103.

Се вчитува...