Проблем за Голден Стејт: Се повреди Стеф Кари (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорс имаат дополнителна причина за загриженост по поразот од ЛА Клиперс откако останаа без услугите на Стеф Кари.

Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата заработи повреда на зглобот во третата четвртина, а подоцна во последните 12 минути и се обиде да се врати на теренот, но неуспешно па мораше да замине во соблекувалната.

Првичните информации од САД велат дека станува збор за посериозна повреда која ќе го оддалечи од теренот најмалку една седмица, а најмногу шест.

Се вчитува...