ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Еден навивач изгорен, повеќе повредени во пресметка на ултрас групи

Нова голема трагедија се случи во бразилскиот фудбал откако еден навивач изгоре во пламен, а неколку други се тешко повредени по натпреварот помеѓу Крузеиро и Атлетико Параненсе одигран во Куритиба.

Немилиот настан се случил по пресметка на ултрас групите Мафија Азул и Манча Верде. Напаѓачите го запалиле автобус со огномет, а потоа продолжиле да ги тепаат „непријателите“ со разни предмети.

Се вчитува...