Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Ерик тен Хаг

Поразот од Вест Хем Јунајтед во последното коло од Премиерлигата го донесе долгоочекуваниот отказ на холандскиот стратег Ерик тен Хаг од клупата на Манчестер Јунајтед.

И покрај тоа што Тен Хаг мака мачеше од превземањето на Манчестер Јунајтед, новото раководство на тимот му пружи доверба пред почетокот на сезоната продолжувајќи го неговиот договор до 2026 година. Сепак и новата сезона започна катастрофално за „црвените ѓаволи“ кои во моментот се на 14-та позиција во Премиерлигата, а немаат запазен настап и во Европа.

Тренерската улога во следниот период ќе ја превземе легендата на клубот, Руд ван Нистелрој кој како помош тренер му се приклучи на клубот изминатото лето.

Се вчитува...