Адетокумпо револтиран: Немаме идентитет

Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумпо не го криеше разочарувањето по поразот на неговиот тим од Бруклин со 115-102 во последниот НБА натпревар.

Грчкиот центар постигна 22 поени, 12 скокови и 7 асистенции, но тие не беа доволни за триумф па имаше низа на прашања.

„Моментално сме екипа без идентитет. Како да победуваме? Како да се браниме 48 минути? Дали топката ќе кружи 48 минути? Имаме ли напад? Мораме да најдеме идентитет. Во моментот го немаме“, изјави Адетокумпо.

Се вчитува...