Олимпијакос пред двојното коло во Евролигата кое започнува со средба против секогаш незгодниот Реал Мадрид ќе биде дополнително засилен со настап на Најџел Вилијамс Гос.
Американскиот бек не беше дел од тимот во последните три натпревари поради повреда на задната ложа стекната на дуелот во второто коло против Жалгирис, но истата е надмината и тој ќе му биде на располагање на тренерот Јоргос Барцокас.
Во првите два натпревари на стартот на новата евролигашка сезона Гос бележеше просек од 7.5 поени, 2.5 асистенции и 2.0 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА