Изненадување: Познат е наследникот на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер откако раководството на клубот одлучи да му врачи отказ на Ерик тен Хаг по новата сезона за заборав на клубот од „Олд Трафорд“.

Тренерската функција до именување на наследник на Холанѓанецот ќе ја врши легендата на клубот, Руд ван Нилстерој, младиот стартег кој ја започна сезоната како помошен тренер, но очекувањата се дека брзо ќе се врати на првобитката функција.

Раководството на клубот веќе има неколку имиња за наследник на Тен Хаг во Томас Франк, Рубен Аморим, Един Терзиќ, но и Чави Ернандес од кој се појави фотографија на социјалните мрежи како во својот дом седи заедно со својот син кој носи дрес токму на Манчестер Јунајтед.

Фановите на „црвените ѓаволи“ веднаш одговорија на гласинтие посакувајќи му добредојде на легендарниот фудбалер кој до почетокот на сезоната 2024/25 беше на клупата на својата Барселона.

Се вчитува...