Официјално: Џенова му посака добродојде на Балотели

И официјално, Марио Балотели е нов играч на Џенова. Поранешниот италијански репрезентативец се врати во Италија и потпиша договор со „сино-црвените“ до крајот на сезоната.

Откако го стави договорот, веднаш почна и со тренинзи. Веројатно нема да дебитира со Фиорентина поради недоволна подготвеност, но се очекува многу брзо да влезе во форма и да ги има своите први настапи.

Балотели во минатото беше дел од Милан, Интер, МАнчестер Сити, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Аданадемисрпос, Сион, повторно Адана и сега Џенова. За Италија има одиграно 36 меча и постигнато 14 голови.

Се вчитува...