Реал Мадрид одлучи да не присуствува на доделувањето на Златната топка вечерва, откако дозна дека Винисиус Јуниор нема да ја добие наградата. Кралевите го откажаа патувањето во Париз, а сега нивниот ривал Севиља реши брутално да ги исмева на социјалните мрежи.
Според многумина, Винисиус Јуниор беше главен фаворит за освојување на Златната топка, а Бразилецот речиси беше прогласен за победник, но дојде до неочекуван пресврт.
Денеска се појави информација дека Винисиус нема да ја освои Златната топка и дека Родри е всушност тој што победил. На почетокот изгледаше како шпекулација, но кога се виде што направи Реал Мадрид, јасно беше дека нешто се случува.
Кралскиот клуб во последен момент го откажа патувањето за Париз иако делегацијата беше на аеродромот.
Во Реал Мадрид добија информација од Манчестер Сити кој ќе ја освои Златната топка, а бесни на тоа што се случува мислат дека УЕФА се вмешала во се и го решила победникот.
Во текот на целата драма се реши да се огласи и Севиља, која брутално го исмеа кралскиот клуб на социјалните мрежи.
„Ударни вести: Админот нема да патува во Париз како админ, откако му беше соопштено дека нема да ја освои Златната топка“, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.
Ова предизвика жестока реакција од навивачите на Реал на социјалните мрежи кои не штедеа погрдни зборови кон шпанскиот тим.
🚨 BREAKING: Admin will NOT travel to Paris as Admin has been told they will NOT win the Ballon d’Or. pic.twitter.com/q78lTMml17
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) October 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА