Португалец ќе го менува Тен Хаг на клупата на Јунајтед

По денешниот отказ на Ерик тен Хаг од страна на Манчестер Јунајтед, веќе почнаа шпекулациите за нов предводник на „Црвените ѓаволи“. Едно од имињата кое се споменува е легендарниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој е без работа веќе долго време. Во својата кариера популарниот „Зи-Зу“ седеше само на клупата на Реал Мадрид, и во минатото имаше многу шпекулации за негов нов ангажман, но досега не преземал ниту еден клуб.

Иако од „Олд Трафорд“ го сакаат, сепак, веројатно Зидан ќе ја одбие клупата на Манчестер. Причината е поради тоа што Зидан чека само повик од Франција да стане селектор на својата репрезентација. Тоа нема да се случи сигурно до крајот на Мундијалот во 2026 година.

Англиските медиуми веќе пишуваат дека Манчестер Јунајтед остварил први контакти со Рубен Аморим од Спортинг Лисабон. Но, Аморим има договор со тимот на Спортинг, а тоа ќе значи дека англискиот тим ќе мора да плаќа отштета. Токму тој е прв фаворит за клупата на тимот од „Олд Трафорд“.

Во комбинација е и Един Терзиќ, доскорашниот тренер на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...