Халанд место во Париз на доделување на „Златната топка“ беше во Шведска

Фудбалерот на Манчестер сити и Шпанија, Родри ја освои „Златната топка“, но манифестацијата помина во втор план откако поради тоа што Винициус не ја доби наградата целиот тим на Реал Мадрид ја бојкотираше гала-вечерта.

Покрај целата екипа на Реал Мадрид на манифестацијата не беше присутен ниту Ерлинг Халанд. Тој беше во Малме, каде навиваше за својот пријател Ерик Ботеим кој ја бркаше титулата шведски шампион.

Напаѓачот на норвешката репрезентација и Манчестер Сити беше фотографиран во Малме пред натпреварот против лутите ривали од Гетеборг, во кој домаќинот ја бркаше втората последователна титула во шведскиот шампионат, а четврта во последните пет години и вкупно 24. во историјата.

Халанд и Ботхајм станаа пријатели додека играа за јуниорската репрезентација на Норвешка и се појавија во рап видео со Ерик Сандберг што е прегледано повеќе од 12 милиони пати на „јутјуб“. На крајот Малме со многу мака победи со 2-1 и на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Хамарби.

Се вчитува...